Силекс го доби азербејџанскиот Карбах за противник во првото квалификациско коло во ЛШ

Македонскиот фудбалски вице првак Силекс кој доби шанса да не претставува во Лигата на шампионите затоа што Вардар не доби лиценца, во првото квалификациско коло ќе се сретне со Карабах од Азербејџан. Тоа според последните одлуки на УЕФА, ќе биде еден натпревар во терминот 18 или 19 август, и тоа на гости, иако постои можност мечот да биде и на неутрален терен. Кратовци утре ќе дознаат и кого би добиле за противник во вториот круг, секако ако го минат Карабах кој важи за фаворит. Утре ние ќе имаме и други претствници во барабаните зошто Шкендија, Шкупи и Ренова ќе играат во квалификациите од Лига Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста