СИЛЕКС ДО ПЕХАРОТ ВО ФУДБАЛСКИОТ КУП ПО ПОБЕДАТА НА ПЕНАЛИ ПРОТИВ АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Силекс по трет пат го освои фудбалскиот Куп на Македонија откако синоќа на пенали беше подобар од Академија Пандев. Без голови во 120 минути на арената Тоше Проевски, а потоа 4-3 за кратовци кои до третиот пехарот дојдоа по цели 24 години. Силекс со ова обезбедува настап во Лигата на Европа, но претходно, в недела низ бараж против Тиквеш треба да обезбеди учество во нашата Прва фудбалска лига следната сезона.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста