Сијарто во Штип на отворање на почесниот конзулат на Унгарија

Отворен Почесниот конзулат на Унгарија во Штип. Министрите за надворешни работи на Македонија и на Унгарија, Бујар Османи и Петер Сијарто официјално ја пресекоа црвената лента на конзулататот – за почесен конзул е именувана Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори.  

Конзулатот кој ќе го покрива целиот источен регион овозможи голем економски потенцијал и за унгарските инвеститори, но и потенцијал за домашните производи да завршат на големиот унгарски пазар смета Османи. На барање на унгарскиот министер се отвори и денешниот конзулат во источниот дел за рамнотежа со двата унгарски конзулати во западна Македонија.

Вашиот министер ми кажа дека овде постојат многу јака индустрија, многу силни претпријатија, и затоа можат да придонесат за подобрување на соработката со унгарските фирми. Секогаш ги почитувам советите особено кога се бесплатни- рече Сијарто.

На билатералната средба двајцата министери го поздравиле интензивниот политички дијалог и меѓусебна соработка, за што двете страни вложувале напори. Се разговарало и за најновите состојби во процесот на европската интеграција на Македонија, регионалната соработка и безбедноста на границите.

Вчера во Луксембург средба оствариле Сијарто и потпретседателот  на  ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Со вистински пријатели заедно ќе успееме во оваа битка и заедно со македонскиот народ ќе ги поправиме штетите кои ги направија Заев и власта напиша Николовски на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста