Сијарто: Тука сум на повик на Мицкоски Мицкоски: Пријателите се познаваат во тешки моменти

На покана на Мицкоски Сијарто е прв странски државник кој ја посети Македонија во време на светската пандемија со корона вирус.Унгарскиот министер за надворешни работи има позитивни очекувања дека до следниот месец ќе биде завршена преговарачката рамка, а во Јуни Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ. Оптимизмот за евроинтегративниот пат шефот на унгарската дипломатија го истакна на средбите со македонскиот колега Димитров и лидерите Мицкоски и Заев. По средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Сијарто рече дека помошта е за полесно справување на земјава со Ковид-19, а Унгарија ќе пшродолжи да дава поттик и на евроинтегративниот пат.

“И врз основа на вашето денешно барање ќе продолжиме да помагаме со цел преговорите со Европската Унија да започнат што е можно побрзо. Ние Унгарците сме среќни што имаме придонес во успехот во вашите преговори со Европската Унија и што сега имаме унгарски комесар за проширување и можам да кажам конечно комесар на кој што целта навистина му е проширување на Унијата”, изјави Сијарто.

Мицкоски истакна дека пријателите се познаваат во тешки моменти. Смета дека не е важно кој побарал помош туку тоа дека помошта може да спаси многу животи.

“Не е важно кој побарал помош, важна е помошта. Важно е дека помошта денеска ќе спаси животи, ќе го заштити здравјето на оние кои спасуваат животи. Истовремено ќе продолжам да лобирам, да остварувам контакти во рамките на можностите да барам помош за нашата земја. Благодарност и до вистинските херои кои се борат на дневна основа за нашето заедничко здравје. Сакам да соопштам дека многу брзо како партија преку нашиот технички министер ќе поднесеме и уредба до владата за парична награда за оние кои се вклучени во заштита на здравјето и борбата против короната”, изјави Мицкоски.

Екс вицепремиерот за евроинтеграции и унивезритетски професор Васко Наумовски смета дека посетата на Сијарто во вакви моменти е многу важна и доказ за тоа дека Македонија има искрени пријатели. Истакнува дека Унгарија е силен поддржувач на Македонија и на патот на евроинтеграциите.

“Добро е тоа што во изминатѕите месеци го имаме и европскиот комесар којо е одговорен токму за проширувањето. Имајќи предвид дека Унгарија како непосреден сосед на државите од Западен Балкан од целиот регион. Има исклучителен интерес овој регион што побрзо да се интегрираво ЕУ. И преку овој начин на поддршка меѓутоа да не ја заборавиме и онаа силна политичка поддршка која што Унгарија ни ја дава на билатерален план и внатре во европските институции тие само го потврдуиваат она што е познато дека ќе продолжат да не поддржуваат на нашиот евроинтеграциски пат”, вели Наумовски.

Според Наумовски во време на криза партиите не треба да бидат фокусирани на политички пресметки, а помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна.
Градимир Марковски

Advertisements

Поврзани вести