Сијарто: Соработката со Турција е приоритет за економијата и безбедноста

Владата на Унгарија се стреми кон зајакнување на соработката со Турција на економски план – дециден е министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Според него, Турција игра клучна улога и за гарантирањето на безбедноста на Европа. Овие заклучоци дојдоа по средбата со турскиот министер за трговија Мехмет Мус во Бугимпешта.

Ако Унгарија сака да биде победник во новата ера на глобален економски развој, мора да ги зајакне своите односи со земјите кои имаат најбрз развој во светот. Трговската размена меѓу Турција и Унгарија надмина една милијарда евра само во првиот квартал од 2021 година, што е скоро 30% раст на годишната споредба – истакна министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Министерот за трговија на Турција, Мехмет Мус оцени дека Унгарија и Турција имаат долга традиција на пријателство и таа треба да продолжи. Тој јавно и се заблагодари на Унгарија за поддршката.

Турција има за цел да достигне 6 милијарди долари во делот на трговијата со Унгарија. Турската централна банка одвои значителни суми за финансирање на заеднички проекти. Разговорите за деловна соработка се очекува да продолжат наесен, со заеднички инвестиции и проекти и во африканските земји – истакна министерот за трговија на Турција Мехмет Мус.

Повлекувањето на НАТО од Авганистан исто така може да резултира во развивање на тероризмот и миграциите, затоа улогата на Турција за безбедноста на Европа може да добие ново значење. Според Сијарто, тоа е дополнителна причина соработката да се зајакне посебно во тој дел, а Европската унија да ги исполни своите обврски на тоа поле.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста