Сијарто: Добрите политички врски со Сингапур ќе им користат на унгарските компании

Унгарија во последните неколку години успеа да развие политичка соработка со Сингапур заснована на меѓусебно почитување и пријателство и се очекува дека ова ќе биде од корист на унгарската индустрија, рече министерот за надворешни работи Петер Сијарто на средбата со Вивијан Балакришнан, министерот за трговија на Сингапур.

„Унгарија и Сингапур се поддржуваат едни со други во меѓународните организации, и што е уште поважно, како отворени економии,  поддржуваат и договори за слободна трговија и фер глобално тргување“, рече тој.

 Сијарто додаде дека ова им служи и на интересите на унгарската економија, истакнувајќи дека Сингапур се смета за трета најотворена економија во светот, додека Унгарија е на  12-то место.

Унгарскиот министер за надворешни работи истакна  и дека „Патек“, компанија од Сингапур, снабдувач на автомобилски делови, ќе инвестира 4,7 милиони евра во проширување на капацитетот во фабриката за делови за шофершајбни на северо-истокот од  Унгарија. Новата инвестиција од 1 милион 0 400 илјади евра ќе отвори дополнително 71-но работно место

Маја Терзиова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста