Сијарто: Централна Азија станува се поважна за развојот на Унгарија

Централна Азија станува се поважна за унгарската економија– изјави министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто на средбата во Киргистан со неговиот колега. Како што пишуваат унгарските медиуми, на средбата, двајцата дипломати склучиле договор за заштита на инвестициите,  за соработка помеѓу стопанските и индустриските комори на двете земји и пакт за формирање на инвестициски фонд од 50 милиони евра за поддршка на унгарските инвестиции во Киргистан. Според Сијарто Унгарија го зголемила својот извоз во Киргистан за 7 проценти во првата половина на 2020 година..

Сијарто смета дека земјите централно – азиските земји имале импресивен економски раст, и тоа е дополнителна причина, Унгарија да се стреми кон нови пазари.

„Брзиот развој на регионот претставува можност за унгарските бизниси кои сакаат да влезат на нови пазари,а сега финансиските услови за влез на пазарот во Централна Азија се поповолни отколку во минатото“ – изјави Сијарто.

Средбата се одржа во пресрет на претстојната посета на претседателот на Киргистан, на Унгарија, кон крајот на месецов. Тогаш ќе бидат потпишани голем број договори за стратешко партнерство меѓу двете земји со цел зајакнување на економијата, трговијата и образованието.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста