Си ја ставил трафиката пред семафор, хаос во Тетово – Надлежните молчат

Сам си дал дозвола па трафиката ја поставил непосредно пред семафорот во центарот на градот- Низа реакции протекоа на социјалните мрежи за постапката на сопственикот, кој самоволно трафиката ја преместил. Жителите на тетово велат дека веќе неколку дена никој од надлежните не превзема конкретн и мерки. Алфа се упати на лице место за да провериме каква е сликата од терен.

Жителите пред камерата на Алфа велат дека трафиката веќе извесен период стои на оваа локација, а надлежните како да не ја приметиле. Тие велат дека не е само тој проблем со кој се соочуваат тетовчани , преоптоварениот сообраќај и несоодветната сигнализација дополнително ја влошува безбедноста во центарот алармираат жителите

Сообраќаниот хаос во Тетово е проблем со кој граѓаните се соочуваат секојдневно, долги колони, голем број несреќи, недостаток на паркинзи како и недостатог на соодветна сигнализација. Дополнително се влошува безбедноста со дивите градби кој се поставуваат насекаде во градот и ја попречуваат видливоста на учесниците во сообраќајот но и на пешаците ..

Иако Тетово брои 200.000 жители за Алфа велат дека патната мрежа е несоодветна за овие бројки- Ваквата слика ја забележа и нашата камера која укажува на тоа дека тетовчани секојдневно тешко се справуваат со преоптоварен сообраќај.

Инаку во тетово сеуште нема јавен превоз па граѓаните се приморани низ градот да се движат со своите возила.
Одговор побаравме од општина Тетово, разговаравме со советник од кабинетот на градоначалничката Таута Арифи- Тој не беше многу изненаден од постапката на сопственикот на трафуиката, па кажа дека такви има насекаде низ градот дел биле отстранети но дел сеуште си функционирале- Пред камерата на Алфа не сакаше да зборува, за настанатиот проблем вели дека ќе провери во државниот инспекторат дали има пријава од граѓани а доколку има ќе побарале соодветно решение но ако немало, сметале дека нема причина за санкција. До почетокот на вестите немаме одговор од општина Тетово.

Јована Грчева