“Шверцери” си направија роденденска журка во МНТ

Со качување на шипки од огродата,  со скокање, бурно навивање,  истакнати транспаренти и недолични скандирања Шверцери си направија роденденска журка во Македонскиот народен театар.

А по прославата сликата е ваква – Скршени лустери, откорнати лајсни и орнаменти од ѕидовите, расклатени  столчињата со искинат  тапацир., уништени теписони и насекаде расфрлано  пикавци.

Кој и дозволил на навивачката група да го прослави јубилетот во МНТ? Кој ќе сноси одговорност и кој ќе ја плати штетата?

Директорката на театарот Симона Угриновска за Алфа вели дека имало две прослави. Едната онаа за Денот за  албанската азбука ја огранизирало Министерството за политички систем кое го води Садула Дураку. Другата тврди дека ја организирал пратеникот Артан Груби.

„Вториот настан беше првично најавен и организиран од г-дин Артан Груби.  За вториот настан имавме информација дека ќе се проектира документарен филм во траење од 30 минути, но за содржината на истиот не добивме информации, ниту беше најавено присуство на навивачка група. Очекуваме од организаторот на вториот настан да ја надомести штетата предизвикана во објектот “, вели Угриновска.

Дураки не одговори на нашите повици, а Груби со реакција се јави на фејсбук,  вели дека тој не бил организатор.

„Сметам дека реакциите се апсурдни, лицемерни и преставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда. Јас не сум организатор на настанот, но мора да истакнам дека театарот му припаѓа на народот, не е ВМРОвски, СДСМовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припага на граѓаните“ , вели Груби.

Во МНТ беше и премиерот Заев. Денеска се огради дека нема официјални имформации само рече дека тоа било државна прослава за 111 години од Денот на албанската азбука, поделена во два дела.

Едниот беше културна манифестација, вториот дел испадна дека не била баш културна манифестација. Секој вандалски чин е за осудување и тука нема дилеми. Иако СДСМ често бил и против таквите градби, но тоа е веќе државна сопственост, тоа е на сите граѓани, никој нема право да го крши инвентарот. Секако треба да си понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа, да се надоместат штетите, да се поправи целиот тој инвентар“, изјави Заев.

Јавноста е гневна. Сите го осудуваат вандализмот, но никој не превзема одговорност.

 

Бојана Димитриевска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста