ШВЕЃАНКАТА ХАГМАН ДАДЕ 19 ГОЛА НА СП, НО НЕ ГО СТАСА РЕКОРДОТ НА НАШАТА ТОДОРОВСКА

Швеѓанката Натали Хагман даде 19 голови во триумфот на нејзината селекција со Порторико од 48-10, но не го презеде рекордот за ефикасност на Светските првенства за ракометарки од нашата Наталија Тодорвска која остана на врвот на стрелците со 21 погодок на мундијалски меч. Тоа беше меч од вчера на завршница од второто коло, а од денеска започнува третото и последно од првичната групната фаза. Од поинтересните ги издвојуваме дуелите на Германија и Унгарија, на Данска и Јужна Кореја и на домаќинот Шпанија со Австрија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста