Шумски пожари беснеат во Австралија – се евакуираат повеќе градови

Стравични шумски пожари беснеат во Австралија. Во Нов Јужен Велс регистрирани се 90 активни пожари од кои 17 се обележани како огнени стихии со највисоко ниво на закана и ризик.Проблем за  огнот е фактот дека тие активно се шират во деловите зафатени со суша и виски температури од над 35 степени. Стотици луѓе се евакуирани, а надлежните апелираат жителите да не бегаат, туку да пронајдат засолниште од огнот, оценувајќи дека веќе е предоцна за бегање.

“Поради сувиот терен и неговата лесна запаливост, дури и најмалите жарчиња се шират и разгоруваат и набргу прераснуваат во нови пожари. На тој начин имате брзо ширење на главниот, најголемиот пожар кој се зафаќа се поголема територија и за жал, овој ден може да очекуваме повеќе вакви ситуации “ – изјави комесарот за пожарникари во Нов Јужен Велс, Шејн Фитсимонс.  

Предупредувања за пожари објавени се и за државите Квинсленд и западна Австралија.

“На некој начин, стигна блиску до нашата куќа вчера попладне и потоа во текот на ноќта се намали но денеска заради ветерот повторно се разгори и на некој начин во овој миг е надвор од контрола  – изјави една жителка во опожарениот регион.

Австралија се бори со пожарите уште од минатиот месец, при што две лица го загубија животот во обид да го заштитат својот дом.Инаку, според проценките на властите ова е една од најлошите сезони на шумски пожари во оваа земја.

Ања Василева