Штрајкот на вработените од прилепски „Жито Прилеп“, предизвика сериозен недостиг од леб во општината

Завчера започнатиот протест на стотината вработени од најголемиот производител на леб во Прилеп, А.Д. „Жито Прилеп“, денеска резултираше со сериозен недостиг од леб во градот под Марковите Кули. Во речиси сите маркети каде пред најдолгиот полициски час и Велигденските празници, редиците од купувачи беа огромни, претпладнево лебот го немаше во доволни количини.           Очекувајќи дека може да се случи ова, работниците од „Жито Прилеп“, вчера попладнето, и покрај започнатиот штрајк, одлучиле да се вратат на работа и хуманитарно да го продолжат производството. Меѓутоа, наишле на затворена капија, а обезбедувањето не им дозвололо да влезат во производствените капацитети, па така денеска Прилеп остана покус за над 35.000 парчиња леб.

 

Работниците, кои и денеска чекаа пред заклучената капија, сметаат дека заради штрајкот тие биле на некој начин казнети од ракводството, бидејќи имале сознанија дека на вработените од другите две фирми на нивниот газда, вчера им била исплатена една од двете заостанати плати и дека по Велигден ќе им била исплатена и другата, а додека нив никој не ги ни контактирал. – „Изјави работник од Жито Прилеп“

 

Стотината работници немаат земено две плати, а со штрајк започнаа во средата. „Жито Прилеп“ постои уште од 1958 година, а од 2004 година е во сопственост на американскиот бизнисмен со прилепско потекло, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

     Каролина Дурло  

Advertisements