Штрајк на работниците на траекти во Алјаска, илјадници заробени туристи во пристаништата

Штрајк на работниците на траектите на Алјаска, прв ваков во последните 40 години, остави илјадници лица заробени на пристаништата кои не можат да патуваат во пикот од туристичката и риболовна сезона.

Членовите на синдикатот за бродарство на Пацификот во средата стапија во штрајк бидејќи не постигнаа договор со државата за условите за договорите за работа, заради што беше прекинат водениот сообраќај со траекти на Алјаска.

Комесарот за сообраќај Џон Мекинон изјави дека тоа одделение вчераутро им ги откажало резервациите на повеќе од 3.000 туристи и им рефундирало повеќе од милион долари.

-Околу 225 патници и 90 возила останаа во пристаништата, бидејќи не се нивна крајна дестинација, додаде тој.

Траектите се важно превозно средство за многу мали заедници на Алјаска, чии села не се поврзани со патен сообраќај.

Претходниот штрајк на работниицте бил организиран далечната 1977 година и траел 20 дена, пренесуваат американските медиуми.