Штрајк на матичните лекари – бараат повеќе пари и помали казни

Неисполнетите ветувања и неажурноста на властите ги натераа матичните лекари на светскиот ден на здравјето да се соберат на протест пред Министерството за здравство. Револтот расте, но не и заинтересираноста на надлежните да го решат проблемот, бидејќи во буџетот за оваа година не биле предвидени пари за покачување на капитацијата. Иако пред месец и половина кога штрајкуваа им беше ветено дека ќе се формираат работни групи и ќе се изнајде решение – денеска лекарската фела доби благодарници но иститите не ги прифати.

„Оставивме доволно време да се формираат групите, но тие не проработеа. Бараме покачување на капитациониот бод, кој пред четири години беше зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци – вели Чолакова-Дервишова.

Матичните лекари бараат и промена на казнената политика, но и усогласување на платите на здравствените работници во руралните средини, кои докторите не можат да ги платат со минимална плата од 18 000 денари бидејќи имаат многу малку пациенти.

Крајно време е да се размислува за нова методологија на плаќање, но тоа би можело да се применува од следната година. Сега, ургентно на цело примарно здравство потребно е да им се покачи капитациониот бод и да им се зголемат буџетите. Исто така бараме режимот на лекови за хронично болните да важат за цел живот,  и да можат матичните лекари да ги издаваат рече Чолакова.

Матичните лекари бараат и промена на казнената политика, но и усогласување на платите на здравствените работници во руралните средини, кои докторите не можат да ги платат со минимална плата од 18 000 денари бидејќи имаат многу малку пациенти.  На протестот се појави и министерот Беким Сали. Според него, барањата на лекарите биле прифатливи, но денот на здравјето не бил за протестирање.  

„Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Работиме на три можни модели за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање“, изјави Сали.

Денеска 90% од матичните лекари не работеа со пациенти и не издаваа рецепти, а итната медицинска служба беше известена да ги презема пациентите со највисока итност. Откако заврши протестот. организаторите беа повикани на средба со надлежните.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста