Штрајк на „Македонски Пошти“ – Се бара зголемување на платите

Писма и пакети денеска нема да пристигаат. Поштарите ќе разнесуваат само покани за суд и дурги неопходни пратки.
Вработените во Македонски Пошти на штрајк со барање за линеарно покачување на платите од 3000 денари. Преговорите помеѓу синдикатите и управниот одбор на акционерското друштво, кои се одвиваа од рано утринава, резултираа со предлог најголемиот дел од вработените, односно оние во техничкиот процес, меѓу кои поштарите и шалтерските работници да добијат повисока плата за Јуни, а останатите, административни и раководни позиции повисока плата да земат два месеци подоцна, во Август. Синдикалците размислуваат дали да го прифатат ова или да продолжат со штрајкот.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија рече дека со раководството на Македонска пошта договориле да изработат и нов колективен договор, со цел вработените кои не доаѓаат на работа, да се спречи да земаат плата.
Изјава Дарко Димовски, Претседател на ССМ

Штрајкот следува по предупредувачкиот пртест на двата поштеснки синдикати Октомври минатата година, кои се одржа поради доцнење на платиите, стравувањето на вработените за нивните работни места и лошата финансискат состојба на компанијата. Пропаѓањето на Еуростандард банка особено придонесе за пад на приходите на македонски пошти, преку која се спроведуваше платниот промет.

Владата уште минатата година најаваи приватизација или јавно-приватно партнерство на државното претпријатие, но за судбината на поштата се уште не е најдено решение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста