Што значи прогласување вонредна состојба

Владата ќе има право да менува закони, носи уредби, да се задолжува, да прави ребаланс на буџет, да воведе полициски час, да ограничи право на движење, односно ќе го преземе законодавното право на Парламентот и ќе одлучува самостојно, оваа моќ ја има кога во државата е прогласена вонредна состојба. Истата е регулирана со неколку членови во  Уставот каде стои дека вонредна состојба може да ја прогласи шефот на државата, ако тоа од него го побара Собранието односно Владата.

Уредбите или законите кои ќе ги донесе Владата во време на вонредна состојба не се ограничени со време, на сила се додека не се укинат од страната на извршната власт или парламентот.

– Однапред ништо не е дефинирано, дека сега ќе има полициски час или слично. Не немаме дефинирано, тоа се одлуки кои ќе се носат на основа на тоа како и на кој начин ќе се однесуваме сите ние. Знам дека не се сите до крај свесни и што можат да прават. Знам дека за некои е многу поважно да изнајмуваат вили во Сопиште и во Соње и таму да прават журки, е тоа не може да биде дозволено во иднина , вели Оливер Спасовски – претседател на Техничката влада

Голем дел од мерките кои во други држави се спроведуваат во вонредна ситуација ние веќе ги практикуваме. И без воведена вонредна состојба, главното координативно тело во Владата, со одлука, ги затвори училишта, градинки, факулети, студентски домови, кафулиња, ограничи работата на рестораните, теретаните, односно спроведе мерки, како би се оневозможило собирање на граѓани во поголеми групи, со цел да се спречи ширење на корона вирусот.

Катерина Гетева

Advertisements

Поврзани вести