Што стои зад домашниот притвор на Рашковски?

Не престануваат реакциите од јавноста за домашниот притвор на Рашковски. Легитимно се поставува прашањето што стои зад домашниот притвор на Рашковски? Дали судот не виде доволно докази за ефективен, затворски притвор на екс-генсекот, или пак обвинителката Трајчева не обезбедила доволно- како што тврди судот?

Во биографијата на Трајчева се запишани три предмети во кои експресно во затворски притвор се ставени тогаш обвинетите, благодарение на доказите од обвинителството. Едниот е „Шпански скали“ каде првообвинет беше Миле Јанакиески, и поголемиот дел од обвинетите беа ставени во затворски притвор, меѓу кои и обични службеници. Вторите два случаи во кои Трајчева е заменски обвинител на Вилма Русковска се за 27 април, каде повторно ефективниот притвор доминира. Дополнителна дилема во делувањето на Трајчева фрла и фактот што нејзиниот брат е човек близок на СДСМ особено на претходното раководство на партијата. Тој е поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт во времето на владеењето на СДСМ, а против него имаше отворено и истраги за злоупотреба на службената положба, своевремено.

На страна Трајчева, вториот сомнеж доаѓа од кај судот. Одлуката за домашен притвор на Рашковски која со часови вчера се пишуваше во Кривичен, ја донесе судијката Весна Димишкова, чие пак име се споменуваше во случајот Рекет,  преку нејзиниот брат адвокат.

Вчера екс генералниот секретар на Владата, во судот беше донсен со полициска придружба, но без лисици на рацете, што е спротивно на онаа пракса каде сите кои се изведени пред судија на претходна постапка се со лисици. На тоа реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој на фејсбук уште вчера утрото нашиша:

Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб.

Во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!

Рашковски моментално е дома, во куќен притвор оти се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и заедно со уште 3 лица го оштетиле Буџетот на Македонија за 180 000 евра.  

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста