Што се случува со телото ако јадете доцна во ноќта?

Лоши навики речиси има секој. Едни пушат, други пијат, а пак некои не можат да ѝ одолеат на храната во доцните вечерни часови. Без разлика дали се работи само за една кришка леб, чоколадо или чипс, јадењето доцна навечер носи лоши последици врз нашето тело.

Нарушување на биолошкиот часовник

Постојат безброј причини зошто луѓето не можат да спијат навечер, а меѓу нив е јадењето навечер. Јадењето пред спиење го нарушува природниот ритам на телото. Кога се јаде доцна навечер вие ги будите хормоните и вашето тело, па кога ќе чукне полноќ, вашето тело е веќе гладно и има потреба од храна.

Забавување на метаболизмот

Постојат голем број на луѓе кои постојано зборуваат дека имаат бавен метаболизам, но дали знаат дека сè се должи на нивната лоша навика да јадат навечер? Генерално, да се има брз метаболизам значи дека вашето тело брзо ги согорува мастите и ги троши калориите што ги внесувате, за разлика од бавниот метаболизам кога на вашето тело му е потребно повеќе време да ја свари храната. Според научните истражувања, јадењето навечер го забавува метаболизмот и колку подоцна јадете, толку повеќе калории внесувате и помалку спиете, а кога не спиете доволно вашиот метаболизам се забавува, а последица од тоа е зголемената тежина.

Зголемена тежина

Доколку навечер јадете и не можете да спиете, единствениот виновник сте вие. Постојат безброј причини зошто луѓето не можат да спијат навечер, но во голема мера сè се сведува на јадењето навечер, а по тоа следува и нарушување на природниот ритам на вашето тело. Кога јадете доцна навечер вие ги будите хормоните и вашето тело, па кога ќе чукне полноќ, вашето тело е веќе гладно и има потреба од храна.

Често одење во тоалет во текот на ноќта

Дали и вие се будите навечер и го посетувате тоалетот? Ова може да биде навистина фрустрирачки, а причината е јадењето навечер. Кога јадете навечер, вашето тело се обидува да искористи сè што може од храната која ја внесувате, а потоа остатокот го елиминира, така што сè што јадете навечер, во еден момент ќе треба да се исфрли од телото, па така ќе се будите во текот на ноќта, а тоа ќе предизвика нарушување на сонот. А кога храната има последици врз квалитетот на вашиот сон, тоа ќе се одрази и на вашето здравје и ќе чувствувате постојан замор.

Стомачни киселини

Стомачната киселина е многу честа појава и воопшто не е пријатна. Колку пати ви се случило кога сте јаделе навечер, едноставно храната да ви се врати наназад и повторно да ја почувствувате? Тоа е таа стомачна киселина. Доколку продолжите со истото темпо, постои ризик од нарушување на метаболизмот и варењето на храната, па затоа е најдобро да јадете редовно и во пристојно време.

Висок крвен притисок

Освен тоа што е важно кога јадете, исто толку важно е и што јадете. Јадењето доцна навечер може да предизвика зголемен крвен притисок, а со зголемениот крвен притисок доаѓа и ризикот од срцеви заболувања. Доколку сакате да се погрижете за своето здравје и да останете здрави, треба повеќе внимание да посветите на храната и оброците и да појадувате, ручате и вечерате во одредено време.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста