Што по Брегзит ? – 47 годишниот брак Лондон – Брисел се распадна

Обединетото Кралство и’ го заврте грбот на ЕУ. Додека приврзаниците на Брегзит во Лондон славеа „враќање на независноста“, приврзаниците на Унијата „тагуваа“, премиерот Борис Џонсон вети нов почеток.

“Ова е зора на нова ера во која веќе не прифаќаме дека вашите животни шанси – животните шанси на вашето семејство – треба да зависат од кој дел од земјата сте во која растете.Ова е моментот кога навистина ќе започнеме да се обединуваме…Шириме надеж и можност на секој дел од Велика Британија” – изјави Џонсон.

Додека Џонсон слави, во Шкотска сосема поинаква слика.Премиерката најави развод од Велика Британија. Ќе се вратиме во срцето на Европа како независна држава, напиша на „Твитер“ премиерката на Шкотска, Никола Стурџен. – Според неа, брегзитот ќе го забрза патот за независност на Шкотска.

За Европа пак, разделбата претставува „длабок рез“.Со тоа што односите помеѓу Лондон и Брисел воопшто нема да бидат лесни. – тврди германската канцеларка Ангела Меркел.

„Германија сака да остане близок партнер и пријател на Велика Британија“ – изјави германската канцеларка.

И Макрон на слична линија со Меркел. Вели дека излегувањето на Кралството од Европското семејство е историски аларм што би треба да ја принуди Унијата да се подобри.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

А што ќе се промени за Велика Британија? – За почеток, не многу, велат аналитичарите. Во претстојниот 11-месечен транзициски период, Лондон во голема мера ќе се придржува до европските правила. Засега, Британија останува дел од заедничкиот европски пазар и од царинската унија, но таа нема да има право на глас во Европскиот парламент.
Британските државјани веќе не се државјани на ЕУ, но тие и натаму ќе можат слободно да патуваат и работат во земјите од Унијата.

По 47 години живеење заедно Лондон и Брисел , на полноќ се разведоа, практично – Британија стана првата земја што го напушти Европското семејство.Одлуката за разводот “ падна” на референдумот што се одржа на 23 јуни 2016 година со мнозинство од 51,9 проценти од гласовите.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста