Што остана неисполнето од програмата “За живот” од 2016 година?!

“Железни опинци ќе искинам,но просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има”, рече Заев во Јануари минатата година.

Непознато е дали ги облече железните опинци, но една и пол година по оваа изјава во Македонија просечната плата не е 500 евра. Едно од главните ветувања во предизборната програма на СДСМ од 2016 ”План за живот”.По три години владеење на актуелната коалиција просечната плата е 25 830 денари.

Не е реализирано ниту ветувањето за 16 000 денари минимална плата до 2020 година. Таа во моментов изнесува 14 500 денари.  Економскиот раст не стигна до 4 проценти, иако просечниот во програмата е наведено дека ќе достигне 5 %.

Ветувањето за прогресивен данок беше спроведено од Тевдовски па повлечено од Ангеловска. Таа го врати рамниот данок

“Ова е сосема успешна реформа.Најважно од се овие пари се користат за сериозно сголемени социјални трансфери”, рече Тевдовски.

“Педесет проценти помалку се собрале од она што требало да се соберат ако субјектите се однесувале како што се однесувале во претходната година”, рече Ангеловска.

Капиталните инвестиции секоја година значително се скусуваа со ребаланс на буџетот и средствата беа пренасочувани за други потреби. Постоеја критики и за субвенциите во земјоделието дека не ги достигнале ветените 160 милиони евра. И дека 50 проценти субвенции за зелената нафта за земјоделската механизација станаа реалност во последните месеци.

Пругата до Бугарија остана само ветување и во оваа програма на социјалдмеократите. Слично е и со хидроцентралите Чебрен и Галиште. Автопатот Скопје-Блаце се уште е далеку од реализација. Во Јануари годинава беше потпишан договор за првите два километри.

Го нема ниту новиот клинички центар за кој во програмата пишува дека ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги за населението. Единствено беше одлучено дека треба да се гради во општина Ѓорче Петров. (15.01.2020) Студентскиот град кај студентските домови Гоце Делчев и Стив Наумов останаа само на хартија.

Од програмата не се реализира ниту намалување на бројот на министерски места и пратенички места еднаш неделно наместо еднаш месечно. Ниту пак се определи министер задолжен за крупни енергетски проекти.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста