Што носи разрешувањето на директорите на „РЕК“ Битола и „ТЕЦ“ Осломеј – дефокусирање од енергетските проблеми, или спас на компаниите?!

Дали разрешувањето на првите луѓе на „РЕК“ Битола и на „ТЕЦ“ Осломеј ќе ги мрдне од „мртва точка“ работите во енергетиката или пак, е обид да се префрли одговорноста од повисоко на пониско ниво? Според власта целта на промената на раководството е да се обезбеди одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите и да се обезбеди стабилна испорака на електрична енергија во државата, а според експертите е да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми во енергетскиот сектор и главните виновници да избегаат од одговорност.

За в.д. директор на „РЕК“ Битола е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана и поранешен хармоникаш на “Три Бенд”, а нов в.д. директор на „ТЕЦ“ Осломеј е Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во „Рудници“.

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски, рече дека сите процеси кои се во тек и чекорите кои се преземаат од енергетските компании се насочени кон сигурна и стабилна испорака на струја во државата.

Во меѓувреме е се поизвесно дека струјата за домаќинствата ќе оди на горе.  Споре првичните информации, „ЕСМ“ на следната владина седница ќе бара зголемување на производната цена, која сега изнесува 36 евра за мегават, а која е една од главните критериуми за тоа колку би изнесувала цената за домаќинствата в година. Регулаторната комисија за енергетија ги чека барањата на фирмите кои сеуште ги сумираат трошоците, по што ќе се изјаснат дополнително.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста