Што му пишувале осомничените во „Рекет“ на Заев? Јавноста бара одговори, за Обвинителството нема потреба од истрага

Што му пишувале осомничените во „Рекет“ на Зоран Заев? Дали премиерот знаел за изнудата на пари која се вршела од Орце Камчев? На овие прашања јавноста одговор нема да добие оти не се знае каде е телефонот на Заев што премиерот го смени откако излезе скандалот со руските пранкери. Ова се совпаѓа со периодот  кога беа притворени Боки 13 и Зоки Ќичеец. Каде е телефонот Алфа праша, но од Владата не ни дадоа одговор.  Од Обвинителството, пак ни рекое дека немало потреба да се одземе неговиот телефон.

-Од досегашниот тек на истрагата во ниту еден момент не се јавија индиции за било каква вмешаност на лицето за кое прашувате, од каде пак би излегла потребата за одземање и проверка на неговиот мобилен телефон, велат за Алфа од ОЈО.

Дека политичари од власта се вмешани во „Рекет“, сомнежи има од самиот старт, истите станаа уште поголеми кога „Ла Верита“ објави разговор во кој Боки 13 директно го споменува Заев, како човекот кој знаел многу работи. Во истиот разговор, Јовановски му гарантира на Камчев дека премиерот нема да прави проблеми.

Б.Ј Ќе се видам утре со него…

Ј.К Со Дејан?

Б.Ј Не

Ј.К Со Жаре?

Б.Ј Со Зоки

Ј.К Со Зоки?

Б.Ј Со Заев

Ј.К Мислам дека он нема да прави проблем , така бар мислам. Ти треба да си збориш, па кажи ми

Б.Ј Јас знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи што не ги  знае никој

Ј. К ок шефе

Алфа побара одговор и зошто толку време Јанева беше на слобода ако се знае дека во телефонот на Боки 13 била пронајдена фотографија од поранешната специјална обвинителка со 50 илјади евра. Од Обвинителството велат дека истата била пронајдена при вештачењето на телефонот.

Инаку, се уште не е закажано рочиштето за оценка на обвинителниот акт за Рекет“. Од судот за Алфа велат дека се уште трае рокот за приговори.

Матеја Петровски