Што го премисли охридскиот градоначалник за рушењето на плажите?

Пред да се донесе уредбата со која се бара закупците да ги вратат плажите во првобитна состојба, локалната самоуправа на општина Охрид до Владата доставила предлог, се додека не се најде трајно решение за плажите,во интерес на туристичката сезона оние концесионери кои во целост ги почитувале договорите за стопанисување да ги подмират сите давачки кон државата-откриваат правните застапници на дел од охридските концесионери кои пред Уставен суд ја оспорија владина одлука со која започна рушењето на плажите.Што го предомисли охрискиот градоначаник да го погази сопстениот збор?

„Па не знам какви се калкулациите, од една страна е време на Ковид од друга страна избори, јас стварно не би сакал да лицитирам со политички влијанија. Градоначалникот се огласи пост фестум и тој кажа и дека таа одлука што е донесена ја поддржува. Не знам што мислеше со тоа, меѓутоа знам дека неговиот предлог беше спротивен на ова и беше излезно решение, плажите во рамки на законот и прописите , со платени сите давачки да продолжат да работат ова лето, а во наредниот период да се дорегулира материјата и да се стават во легални рамки“ – вели адвокатот Игор Кичеец.

Кичеец појаснува зошто повеле иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на владината уредба пред Уставен суд и што конкретно бараат.

„Ваквата уредба освен што е правно неиздржана и штетна е за целиот развој на туризмот во Охрид. Бараме да се поништи ова уредба со законска сила со тоа што бараме и привремена мерка или барање за времено суспендирање на дејствието на оваа уредба се до крајно одлучување на Уставниот суд“ – вели Кичеец.

Иако правните експерти не очекуваа дека оштината ќе се дрзне да руши дури и објекти кои се изградени според проектната документација-на терен веќе 5 дена се спроведува акција со која се опфатени сите плажи дури и оние за кои концесионерите приложувајќи ја целата документација, тврдат дека не отстапувале од дозволеното.

„Јас сакам да ве информирам јавно со сета моја матерјална и кривична одоговорност,дека на оваа плажа едно камче не е надвор од проектите“ – вели концесионерот Љупчо Нечкоски.

Иако некои од концесионерите и платиле закупнина на општината заклучно со месец јули годинава, наредните денови извесно е дека ќе бидат затворени сите угостителски објекти на плажите од страна ја пазарната инспекција и УЈП.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста