Штипското ОУ „Тошо Арсов“ го почнува второто полугодие со старите проблеми

За околу 150 ученици во штипската деветтолетка „Тошо Арсов„ второто полугодие ќе започне со стариот проблем.  Ученици од четврто,петто, седмо и осмо одделение за да извршуваат физиолошки потреби на одморите  ќе бидат принудени да трчаат од левата кон десна страна на училиштето. И по три месеци од стартот на поправката на дефектот на дел од тоалетите тие се уште се под клуч. Дополнителен проблем настанал откако пукнала цефка од парно, па мајсторите биле спречени да го санираат дефектот.

  Минатата недела се појави непланиран и нов момент, пукна цефка од парното. Во моментот  фирмата која го санира претходниот дефект е спречена да работи бидејќи течеше вода во тоалетите. Сега треба да се суши и да се постави сливникот на еден дел од тоалетот Фросина Маџарова- директор на ОУ„Тошо Арсов“ – Штип.

Во другите училишта во општината сотојбата е под контрола. Од утре наставата може да почне. Набавени се хигиенски средства, а во сите училишта е извршена и дезинфекција во објектите објаснува градоначалникот на Штип. Засега се уште нема точна бројка колку од наставниците поради позитивен тест од утре нема да почнат со настава.

  „Ние кога ќе бидеме затечени одреден професор или наставник биде во изолација ќе мора неговото отсуство да го компензираме со негов колега или поставување на друг персонал надвор од училиштето– изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Доколку ковид состојбата ескалира и бројот на заразени наставници и ученици  и понатаму расте , преку ЗЕЛС градоначалниците ќе покренат иницијатива наставата да продолжи он лајн.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста