Штипските пензионер со празни паричници и покажаа на министерката колку трае една пензија

Штипските пензионер со празни паричници и покажаа на министерката колку трае една пензија

Трсејќи празни новчаници, вака штипските пензионери симболично покажаа дека уште на првиот ден од земаната пензија не им останало ништо од неа.  Парите се малку, а сметките многу, реагираат пензионерите кои денеска повторно од градскиот плоштад во Штип, од министерката Тренчевска побараа да си даде оставка..

   “Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана! Само 4,500денари за јадење… Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000кажете ми што ми останува“ објаснуваат штипските пензионерки.

Пензионерите не отстапуваат. Линеарно зголемување од 5000денари и минимална пензија 18.000 денари. Од Иницијативбниот одбор повикаа и за масовност на протестоит кој ќе се одржи на  7ноември пред неколку странски амбасади..

  “Нека ја виодат нашата слика и нашиот живот. Нека раскажат дека пензионерите во Македонија своите права си ги бараат на улица“ порача Соња Арсова од Иницијативниот одбор во Штип.

Во знак на револт, пензионерите маршираа и до подрачната единица на ПИОМ во Штип.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста