Штипските актери симболично ја погребаа културата

Со едноминутно молчење пред  штипскиот театар, дел од вработените во НУЦК „Ацо Шопов„  симболично ја погребаа културата во градот. Од министерката бараат под итно да го разреши  актуелниот директор Горан Трајков . Велат дека за овие седум месеци додека тој е директорот имале дебело досие за нарушени  меѓучовечки и професионални односи, дисциплински постаки во најава и едно отказно решение. Поради постојаната пресија  со која се сочувале вработените имале и две психијатрсиски белешки за мобинг, како и три пријави за малтретирање. Пред неколку дена и актерите и директорот завршија во полициска станица.  

Ако малку се спротиставите , односно ако не се согласувате со директорот за одредена проблематика или работа  што овие луѓе ја познаваат со години  веднаш доаѓа до конфликт и закани . Ние имаме неколку такви случаеви . Меѓутоа секое несогласување следува со закана за дисциплинска комисија или отказ„-изјави Владимир Тулиев, актер во НТШ.

На денешната прес конференција актерите истакна дека поради тоа што директорот не е доволно запознат со театарската материја  довело до низа погрешни решенија од кои најмногу трпи институцијата. Прашуваат зошто на репертоар не се поставуваат нивни театарски претстави  кои во моментот ги имаат осум.

  „ Седум месеци владее тотален хаос, додека раководителот на социјалните мрежи наметнува мислење дека е способен и успшен да ја води нашата институција. Добиваме бесмислени работни задачи кои се граничат со тортура и ги извршуваме без противење, но сепак сме нвредувани и етикетирани како неработници со превисоки плати од самиот раководител„-изјави актерот Владимир Тулиев.

Тие се сомневаат во квалитетот на купената опрема, клима уредите и звучниците кои воопшто не ги задоволуваат стандардите. За директорот Трајков ваквите тврдења од страна на дел од вработените се лага и невистини. Останува на ставот дека тензичната ситуација е резултат поради тоа што дел од вработените не сакале да си ги завршат работните задачи, а претставите не се на репертоар поради тоа што еден од актерките била на боледување. Иницијативата „Култура без тортура „ е подржана од поглем број од вработените, а освен актери, своја поддржка даваат административци, режисери, драматурзи и техничкиот персонал.  Со превривањето во штипскиот театар се запознати и во министерството од каде што посочуваат дека министерката СТефоска својата одлука ќе ја соопшти  по официјалното завршување на изборниот процес.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста