Штипскиот хуманитарец Александар Ѓоргиевски се нуди бесплатно да работи во противпожарна служба

 Штипскиот хуманитарец и бивш пожарникар Александар Горгиевски се нуди  да работи во штипската противпожарна служба, а платата наместо  на негова сметка, да се респределува на социјално загрозени семејства. Ова го нуди откако разбрал дека наредниот месец ќе се распише оглас за вработување на двајца пожарникари.

       „Јавно се ставам на располагање уште утре да се дадам на располагање на противпоарната служба . Не сакам да работам за пари! Парите нека ги пренасочат во Црвениот крст или хуманитарни цели. ДА спречиме во оваа држава да се вработуваат само партиски луѓе„ –изјави  Александар Горгиевски.

 Според негови сознанија нововработените нема да се примаат по стручност, туку по партиска книшка. Тврди дека едно од местата е резервирано за лице кое е над 50години. Доколку информациите се потврдат дека се точни, власта уште еднаш ќе докаже дека шансите за вработување, посебно  на оние кои се критички настроени кон истата се никакви, објаснува овој млад човек кој има  неколку меѓународни сертификати од областа на пожарникарството. Тој минатата година побарал да биде вратен на работното место пожарникар, но е одбиен со образложение дека времено се забранети нови вработувања, но со ветување дека ќе го информират доколку се создадат услови за тоа.

     „Дали во оваа држава сите сме еднакви за вработување?Дали само во оваа држава се вработуваат луѓе кои се партиски послушници, а за другите не важи да се јавиш на конкурс?Дали некој друг би имал можност да се вработи во било која институција во државата?„ вели Горгиевски

За предлогот на Горгиевски од Општина Штип информираат дека разбрале од медиумите. Како би постапиле ќе ја информираат јавноста, но откако би добиле било каков официјален документ. Не откриваат дали е предвидено  да има вработување . Горгиевски на јавноста и стана познат откако со донации реконструира куќа на самохрана мајка, а му помогна и на самохраниот татко кој своето дваесетмесечно дете наместо со млеко го хранеше со вода и шеќер. Тој беше и единствениот штипјанец кој доброволно замина во Хрватска каде помогаше на настраданите од земјотресот. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста