Штипската болница ќе оди на „План Б“ за да може да ги згрижи болните до Ковид-19

Штипската болница на чекор до активирање на план Б. Инфективнто одделение го исполни капацитетот. Доколку во текот на утрешниот ден се примат нови пациенти, а во мегувреме нема излечени, ќе се изврши реорганизација на Нервното одделение, кое е во  иста зграда со инфективното  и се разделени само со една врата. .

Не стивнува  жариштето во Штип. Изминатите неколку денови градот постојано бележи двоцифрена бројка на новозаболени. Најголем дел се од конфекција, но има и од фабрика за чевли.. Во самоизолација се и петмина вработени во штипскиот затвор, откако нивни колега добил позитивен резултат. Во самоизолација, нема осуденици

Работнички кластери се формираа и во Свети Николе. Двајца заболени има  во конфекција.  доколку се појави зголемување на бројот, сопственикот најавил нејзино затварање. Епидемиолозите ги работат контактите и на поштар од Лозово кој на работа одел до средината на минатата недела.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста