Штипска Апелација идната недела ќе донесе одлука по жалбата на Маријанчо Велев осуден на доживотен затвор

Во штипскиот Апелациски суд од денес започна постапката за разгледување по жалбата  на убиецот од Струмица кои жртвите ги фрлаше во резервоар во водите на браната Турија. Откако Основниот суд во Струмица на 55 годишниот Маријанчо Велев му изрече казна доживотен затвор, одбраната поднесе жалба. Тврдат дека неосновано е обвинет и реагираат на неземањето во предвид на дел од доказите на одбраната.

„Ние ги проблематизиравме доказите, а не олеснителни околности. Не очекуваме ништо, сега ја очекуваме одлуката на Апелацискиот суд„ – кратко изјави Зоран Молчанов, адвокат на осудениот.

Апелацискиот суд во Штип за случајот повторно ќе заседава наредната недела , по што ќе ја објави и одлуката. Вишиот јавен обвинител жалбата на бранителот ја одбил како неоснована и тој побарал да се потврди пресудата донесена од Основен суд во Струмица.

Маријанчо Велев е осуден за две убиства едното извршено во октомври 2018, а другото во мај наредната година. Според обвинителството , осудениот пред три години  откако склучил купопродажен договор  со жртвата заминале за да го исплат. Но наместо пари тој со два куршуми во главата го лишел од живот. Потоа главата му ја завиткал во перница и стреч фолија, го ставил во метален резервор и го фрлил во дното на вештачкото езеро „Турија„. Една година подоцна Велев извршил уште едно убиство. И телото на втората жртва го затворил во метално буре и го фрлил во акумулацијата. 

Александра Ристевска

Advertisements