Штипјанката Елена Манасиева и нејзините три дечиња повторно останаа на улица

Потресната приказна за 28 годишната мајка на три деца успеа да ги стопли срцата на целата македонска јавност, но не и на свекорот и братот на сопругот. Штипјанката Елена Манасиева која со помош на хуманите луѓе доби топол дом од вчера заедно со својте малолтни деца е на улица. Манасиева која во моментот сама се грижи за децата пред камерата си ја отвори душата и раскажа како доцна во ноќта ја избркале свекорот и братот на нејзиниот сопруг, кој во моментот издржува казна затвор..

 „Вчера седевме на дворот . Дојдоа свекорот и деверот и почнаа да ги тепат децата и не избркаа од домот. Сега ништо не можеме да земеме. Дворот е заклучен, не можам да ги земам ниту алиштата на децата“ – низ солзи раскажува младата мајка.

Семејството месецот го поминува со скромни 7000 денари, што ги добиваат од државата. Пари за кирија нема, па во моментот е згрижена кај нејзините родители. Низ солзи бара помош од државата..

  „Барам помош!Сакам во пресрет да ни излезат институциите. Градоначалникот, Центарот за социјални работи да ни помогнат, оти јас пари за кирија немам. Каде да ги носам децата?„- вели Манасиева

Од Центарот за социјални работи немаат информации за последниот инцидент, бидејќи Елена се уште им се нема обратено за помош, но веднаш по новинарските јавување рекоа дека ќе излезат на терен за да постапат согласно нивните ингиренции.

Многудетното семејство претходно живееше во куќарка која повеќе наликуваше на шупа, отколку на дом. Откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од субстандардните услови, за нив се заложи штипскиот хуманитарец Александар Георѓијев. Мајстори работеа без никаква надокнада и од куќарката која прокиснуваше од најмали врнежи на дожд и снег, направија топол дом. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста