Штипјани бараат Министерството за здавство да ја промени одлуката и карантински дел за Коронавирус да се направи надвор од градот, а не на Инфективното одделение.

Сметаат дека болницата не ги задоволува стандардите, ниту пак има капацитет да му се спротистави на вирусот од пандемски размери. Велат типичен пример за тоа е појавата на Хепатитот Ц што минатата година се појави помегу пациентите на ортопедија.

На само стотина метри воздушна линија се наога населбата Деснаци, а во истата зграда , со посебен влез е невролошкото одделение. Во близина на инфективно е и зградата во која се лоцирни Педијатрија, Дијализа и предавалните на Факултетот за медицински науки.

Како ќе се одвива и од кога Инфективно ќе го пренаменат во карантин од штипската болница велат дека се уште писмено немат добиено насоки од ресорното министерство.

Информацијата дека Штип ќе биде еден од трите бедеми за заштита од Коронавирусот ја слушнале вчера од медиумите.Со детали во јавноста ќе излезат ,откако официјално ќе ги добијат насоките

Во мегувреме граѓаните не знаат како да се заштитат од вирусот кој почна да ги тресе и европские земји

Штипското инфективно одделение е единствено во Источниот регион. Има тројца инфектолози и две карантин соби за по едно лице. Останатите болнички соби се со капацитет од 35 болнички кревети.

Се поставува прашањето, откако ќе профункционира карантинот, каде ќе се хоспитализираат останатите пацинти кои ќе заболат од други заразни болести.

Александра Ристевска