Штипјани останаа без вода среде пандемија

Половина Штип цел ден остана без вода. Граѓаните револтираи бидејќи сувите чешми, како што велат, им станале секојдневие. Речиси и да нема ден без прекин во водоснабдителниот систем. Во ек на пандемија кога главите препораки се токму редовно миење на раце градот често останува без вода за пиење…

Тешко е , ама веќе свикнавме. Често немаме вода. Дома веќе постојао имаме полни шишиња со вода. Ни може човек да испере, ни да се искапи– се само дел од коментарите на револтиранит граѓани..

Од јавното претпријатие Исар се правдаат. Како причина за честите дефекти го посочуваат стариот и дотраен водоводен систем. Денешниот дефект настанал откако дел од бетонската цефка пукнал поради силниот притисок.

   „Една од причините за настанување на дефектот е сопирањето на водата од  пред неколку денови, што настана  поради дефект на турбината на Филтер станицата. Овој систем е стар 40години”-изјави Валери Симов, раководител на Филтер станица-ЈП ИСар-Штип

 Граѓаните бараат  во деновите кога во градот чешмите ќе бидат суви до корисниците вода за пиење да се обезбедува со цистерни..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста