Штипјани мета на крадци
Нема мир за стотината семејства кои живеат на штипската улица Панче Караѓозов. Сардисани од крадци, живеат буквално во кафези .високи огради, решетки на прозоррците и вратите. Постојано се под клуч, а речиси во секоја куќа има камери или куче. Велат заложници се во сопствените домови.
“Постојано сме под клуч. Вчера на внук ми патиките му ги украдоа од внатре. За срамота. Ова е страшна работа.. Еве откако жена ми ќе ги постили алиштата, јас ќе треба да фи чувам. Пред некој ден доаѓаат ми продават тренерки. Си ги познав, нашите беа” – велат револтираните граѓани
Дрските крадци не го бираат пленот. Се крадат акомулатори, дрва за огрев, па дури и палми во саксии. Се случува да влезат и во домовите , а пред извесен период овој човек кој од страв не сакаше да му се открие идентитетот останал без својата пензија..
- “Тоа беше вистински грабеж. Виделе дека излегувам од дома. Ми го скршиле прозорецот, влегле внатре и ми ја зеле пензијата” – изјави жител на оваа улица, кој сакаше да остане анонимен.
Нема живот, реагираат жтелите на оваа улица кои бараат засилени полициски контроли. Тврдат дека честопати поради тоа што крадците демнат во вечерните часови остануваат и без сон..
- “Треба да има контроли, посебно во вечерните часови. Најмногу крадат ноќеска, катастрофа” -вели друг жител на истата улица
Засилени контроли и активности во тој реон на градот има, уверуваат од СВР -Штип кои тврдат дека прават се за жителите се чувствуваат безбедно. Крадците најчесто напаѓаат во групи. Тоа се малолетници, а мета им се старите лица.

Александра Ристевска