Штипјани бараат градоначалникот да ја стопира изградбата на третата платформа за паркирање

Штипјани бараат градоначалникот да ја стопира изградбата на третта платформа за паркирање која треба да се гради над коритотот на река Отиња наспроти Здравствениот дом. Тврдат дека на овој начин ќе се задуши просторот, ќе се ограничи пристапот и ќе се уништи паркот и пешачката зона во коритотот на реката. Дел од штипјани сметаат дека со државни пари ќе се гради приватен паркин простор.

Откако градоначалникот ја најави изградбата на третата платформа на социјалните мрежи масовно започна да се споделува петиција за нејзино стопирање. За само неколку денови се потпишаа околу 550граѓани. градоначалникот е убеден дека ова е вистинскиот начин за да се реши хаосот во градот и ги повика иницијаторите јавно да дебатираат наместо да се кријат позади фејсбук профили

Платформата со која ќе се создадат повеќе од 40 паркинг места, треба да биде готова за околу пет месеци.

Инвестицијата е околу 17,8 милиони денари од кои половина ги финансира општината, а другата половина Центарот за источно плански регион.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста