Штипјанец, меѓу најпознатите трендсетери во Европа

Во ексклузивно интервју за утринската емисија на Тв Алфа, „Добро утро, секо утро“ Панче Димитриев, еден од најпознатите трендсетери во Европа раскажува за својот живот, професија и своето хоби.

Неговите фотографии на Инстаграм имат илјадници лајка. Има 55.500 следбеници. Пријатели му се познати светски трендсетери и инфлуенсери. Може да го видите во пустина, но и на егзотични плажи. Ексцентричен млад човек,за кој е синоним  храбар и смел имиџ.На својот профил рекламира брендови,но може да видите и приватни фотографии. Како и сите трендсетери и тој има три чивави кои луксузно си живеат.

Панче Димитриев 36 годишен штипјанец. Речиси две децении живее и работи во Пловдив,Бугарија. Три пати прогласуван за трендсетер на годината.

За трендсетер на годината сум прогласен на манифестациите “Fashion awards”,”Business &Fashion awards” и “Influencer of the year”.Многу сум горд на овие награди.Гласањето беше on-line и во конкуренција имав многу познати имиња од бугарската сцена. На листата за трендсетер на годината се најдоа и раперот 100кила, стилистот Добромир Кирјаков. Многу сум изненаден и задоволен што гласачите препознаа во мене уникатност и гласаа. Трендсетерот не треба да влијае само во модата.Сакам да покажам дека луѓето треба да бидат поотворени кон светот.Сакам да ги научам на добро однесување и добри манири,објаснува Димитриев.

Но високата мода и екстравагантните фотографии му се само хоби. Како што милува да каже,неговото второ Јас. По вокација е ортопед-трауматолог. Работи во операционата сала на Ургентниот центар во рамки на Универзитетската клиника во Пловдив. Дипломирал Медицина на Пловдивскиот Унвиерзитет, со просек 9,80. На дежурство оперира во просек од 5-10пациенти, а за празници бројката му достигнува и до 15. Најтешка и најемоционална операција му била ампутација на нога кај новороденче.Сепак, високата мода ја остава дома и во операциона сала влегува со мантил и кломпи. За тоа како еден ортопед хирург, си го најдел местотот во високата мода, вели…

-Самата моја професија,ортопед-трауматолог бара голема дисциплина,одговорност.Од една страна,колку се потешки моите клинички случаи, од друга страна мојот имиџ е толку поекстравагантен. Уште како мал бев поразличен.Имав храброст да комбинирам работи, несвоиствени за средината во која сум растел.Целиот овој трендсетер или имиџ, е моето второ јас, појаснува Димитриев.

Работи само 15дена во месецот, па може да си дозволи и патување еднаш месечно.  Мароко,Париз,Монако, Миконос,Сицилија му се најчеста дестинација.

-На сите овие патувања,како на пример кога патував за Мароко, доволни ми се 5-10минути за да ги склопам комбинациите. Инаку патувам со многу куфери, бидејки кога работам на реклама со себе носам многу облека која треба да ја проовирам на Instagram.

Фетиш му се очилата за сонце. За него добра комбинација е нови фенси чевли, кошула и стари искинати вранглерки. И најевтиното парче облека ако добро се искомбинира, може да изгледа луксузно и екстравагантно. Вели дека македонскиот маж посветува внимание на својот изглед,но треба да биде похрабар при изборот со гардеробата. Што ќе биде актуелно ова зима, Димитриев советува ексклузивно за гледачите на Тв Алфа и „Добро утро, секое утро“.

-Црн или сив капут е одлична комбинација за зимскиот период. Дополнително ќе бидете атрактивни ако го комбинирате со спортски патики.Сосема доволно.

Со својот уникатен и неконвенцинален стил често пати на улица привлекува внимание, а се случува оние похрабрите минувачи да го сликаат со телефон. Вели дека вниманието понекогаш му годи, но најдобро се чувствува во операциона сала и меѓу своите во родниот Штип.