Штип станува регионален центар за вакцинација – граѓаните критикуваат за задоцнета имунизација

Почнаа подготовките со што најголемиот спортски центар во регионот салата Јордан Мијалков ќе се преадаптира во вакцинален пункт. Предвидено е населението  од источниот регион, против Ковид-19 да се имунизираат во Штип. Според првичниот план е предвидено во салата да има 20вакцинални пунктови и дневно да се имунизираат од 1.000до 2.000граѓани.

   За граѓаните масовната имунизација е задоцнета и требаше да започне многу одамна. Сепак кај постарите се уште постои страв и добар дел од нив не сакаат да ја примат.  

  „Не планирам да се вакцинирам, не е безбедна! Ова не е држава, ова е партал држава. Порано требаше да почнеме да се вакцинираме. Зарем они ги купија вакцините?Ако не беше Србија од каде тие ќе најдеа вакцини…Треба помладите да имаат избор, да можат сами да одберат вакцина, а за нас постарите каква има „- велат граѓаните на Штип.

Дека кај постарите граѓани постои страв од имунизација и се предомилсуваат потврдуваат и матичните лекари, кои засега немаат проблем во пријавувањето на пациентите. Апелираат масовната имунизација да се изведува по терк на Србија, каде не е потребно упат од матичен лекар.

  „Се надевам дека ова ќе биде како во Србија. Матичните лекари да не бидат преоптеретни и граѓаните да не доаѓаат за хартиени упати. Во време на пандемија да се намали непотребната циркулација на пациенти, а со тоа ќе го намалиме  изложувањето на дополнителен ризик„- изјави Валентина Митрова, матичен лекар

Досега во Штип се вакцинирани околу 500граѓани со вакцината Астра Зенека, додека околу 10% од пријавените се имат предомислено. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста