Штип станува град на сиромаштијата-кризата добива драматични размери

Градот на текстилот, станува град на сиромаштија. Ударот на кризата добива драматични размери. Критично е секаде, но најповеќе во текстилната индустрија каде без работа останаа огромен број на работници. Најповеќе на удар се работничките на возраст од 55-58 години на кои договорите за работа не им се продолжуваат. За колку точно случаи станува збор надлежните се уште молчат, граѓаните негодуваат.  

Од текстилниот кластер се правдаат. Новонастанатата состојба велат била очекувана, но кога ќе се стабилизира засега нема конкретна слика..

   

    „Ние најавуваме и кажувавме дека голем дел од текстилните компании ќе немаат доволно налог, односно немаат работа. И најочекувано е дека оние работници коишто се на определено работно време нема да може да им се продолжи договорот, поради недостаок од работен ангажман„-изјави МирјанаПерковска

Уште минатата недела Алфа побара одговор на прашањето на колку работници во Штип не им е продолжен договорот. Одговор не добивме, а нема информации ниту  на официјалниот сајт на Агенцијата за вработување. Според последните статистики заклучно до 30 јуни има 3580 невработени, а во моментот активни баратели на работа има околу 4200

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста