Штип, Радовиш и Свети Николе темпирани корона бомби

Штип, Радовиш и Свети Николе темпирани бомби. Корона вирусот никако да ја намали силата во ови градови. По вчерашните рекордни 60 новозаболени, штипјани тврдат дека на надлежните состојбата им избега од контрола. Некој се за градот под итно да се стави во карантин, а други пак со став дека е доволно  само да се почитуваат задолжителните мерки за заштита.

И со над 270 активни слуачаи, првиот човек на градот смета дека ова е само бран. Засега нема најава дека општинскиот кризен штаб од комисијата за заразни болести ќе бара воведување на порепресивни мерки, како на пример ставање на градот под карантин. Смета дека ситуацијата во градот за брзо ќе се стабилизира.

Триесет од вчерашните  новозаболените во Штип се една конфекциа, додека останатите се од други четири конфекции во градот. Конфекциите и понатаму остануват жариште на вирусот. Иста е состојбата и во свети николе каде што до вчера има 169 активни случа. Епицентар на вирусот останува конфекцијата Мода.за разлика од штип и свети николе, каде заразата се шири мегу конфекциските рааботници, во радовиш позитивни на корона има во домот за стари лица. Со симптоми се двајца вработени и тројца жители на домот.

 

Александра Ристевска