Штип ја доби првата катна гаража во централното градско подрачје

Штип ја доби првата катна гаража во централното градско подрачје

Штип ја доби првата катна гаража . На овој начин ќе се реши проблемот со паркинг просторот во центарот на градот. Гаражата која е на две нивоа е лоцирана до Домот на култура и ќе обезбеди 55 паркинг позиции.

 „Станува збор за едно сообраќајно решеније со кое се дуплираат паркинг местата на оваа површина и ќе се добијат 55позиции за паркирање. Веќе е во функција и чини повеќе од 10милиони денари, кои беа издвоени од парите на граѓаните, за да се уреди на ваков начин„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Дополнително во централното градско подрачје ќе се градат уште две катни гаражи. Со ова ќе се овозможи улицата „Ванчо Прќе„ една од главните сообраќајни артерии да прерасне во пешачка зона

Се предвидува да се започне со уредување на улицата„Ванчо Прќе„ и да прерасне во пешачка зона, но претходно мора да ги направиме овие паркинг позиции и практично тој потег да го искористиме за движење на пешаците„ рече Јорданов.

Со катните гаражи ќе се обезбедат 110 паркинг места , а за нивна изградба од буџетот на градот ќе бидат издвоени над 22милиони денари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста