Штип и Пропиштип по еден, а Радовиш ниту еден епидемиолог

Штип и Пробиштип по еден, а Радовиш без ниту еден епидемиолог ..Вака во една реченица би се објаснила структурата на тимот кој во овие два града се бори со вирусот. Епидемиолозите кои се најважната алка во синџирот за спречување на пандемијата се дефицитарни. Укажуваат дека само со добро сработена епидемиолошка анкета  за секој контакт со позитивен случај може да се предвиди понатамошниот тек на заразата.  Штипскиот центар за јавно здравје ги раководи  подрачните служби во Пробиштип и Радовиш, така што сите стручни консултации  се прават со единствениот епидемиолог во Штип.

Конактиравме со неколку епидемиолози во Источниот регион. . Никој не сака јавно да го сподели проблемот. Категорични се дека државата под итно  треба да направи нова стратегија за да се помогне на  персоналот кои не само што е малку на број, туку е  истоштен, бидејќи во изинатите шест месеци немат ниту одмор, ниту продолжени викенди.  Дека имаат недостаток од стручен кадар потврдуваат и од штипскиот Ценар за јавно здравје од каде што не прецизирајки кога, но до ресорното министерство веќе поднеле барање за уште еден епидемиолог. Се надеваат дека надлежните  ќе им излезат во пресрет. Во меѓувреме на припомош имаат медицински персонал од Итната медицинска помош.   Засега Штип цврсто го држи второто место по активни случаи во државава.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста