Штедењето денес е луксуз, но не е невозможно, во „Деновите на финансиска писменост“ младите учат како да чуваат пари
Едно неиспиено кафе или неиспушена цигара е минимален чекор напред кон целта колку толку да се заштеди. И покрај тоа што македонските граѓани не можат да се пофалат со големи месечни примања и висок стандард, сепак, секој треба да се труди не само да троши, туку и да штеди. Студентите во рамки на Деновите на финансиска писменост учат како да располагаат со своите средства сега, кога ќе работат и кога ќе се пензионираат. Од Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС велат дека истражувањата покажале дека 60% од младите Македонци се финансиски писмени, но тоа сепак е под европскиот просек.
Од пензиските друштва кои управуваат со пензиските фондови во втор и трет столб им порачуваат на младите редовно да проверуваат дали се пријавени, за колку им се зголемуваат средствата за идна пензија и да го земат в предвид доброволниот пензиски фонд како начин на долгорочно штедење.
И покрај можностите за тргување на берза, вложување во инвестициски и пензиски фондови, животно осигурување, Македонците се уште традиционално најмногу штедат во банките. Народна банка очекува 7,9% раст на депозитите до крајот на годинава.