Штедачите на Еуростандард бараат оставки од антикорупционерите – обвинуваат за присок врз судија

Штедачите на Еуростандард банка на протест пред Државната комисија за спречување на корупција. Здружението на оштетените физички и правни лица „Правда за штедачи“  бара оставка од антикорупционерите.  Според нив, членовите на Антикорупциска направиле пречекорување на надлежностите и овластувањата заради недозволен и неовластен притисок врз уставен судија со изнесување на јавно предупредување.

Тоа вмешување го направи преку пречекорување на надлежностите и овластувањата што ги има Комисијата, но што е уште потрагично пречекорувањето беше направено на недозволен и неовластен начин со притисок врз уставен судија поради наводен судир на интереси со што беше принуден заедно со останатите членови на Уставниот суд да поднесе барање до Комисијата за расчистување на тој случај. На тој начин не само што беше извршен притисок врз конкретниот уставен судија, туку и Комисијата изврши влијание и на Уставниот суд-рече Кузмановски.

Непосредно пред почетокот на протестот претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска на штедачите им рече дека сочувствува со нив и дека антикорупционерите не се мешаат во одлуките на судот. Штедачите вербално ја нападна  Ивановска дека во случајот има судир на интереси и влијаеле врз највисоката судска инстанца.  Ивановска на ова им одговори дека ставот на антикорупционерите е ист и сега и на  15ти април, кога беше седницата на Уставниот суд.

Инаку, Уставниот суд не донесе одлука по иницијативата за оценка на уставноста поради дилема дали судијата Дарко Костадиновски имал судир на интереси затоа што бил во кумовски односи со синот на Трифун Костовски. Во врска со ова прашање, Уставниот суд решил да се обрати до ДКСК, и констатирале дека во конкретниот случај судијата може да си присуствува и да си одлучува.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста