ШПАНИЈА ВОВЕДУВА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС ДО МАЈ

Шпанија воведува вонредна состојба, а ќе следи и полициски час од 23 часот до 6 часот наутро низ целата земја кои ќе бидат на сила до мај.
Премиерот на Шпанија Педро Санчез најави строги мерки во шестмесечниот период поради моменталната епидемиолошка состојба во Шпанија која беше меѓу првите европски жаришта со корона вирусот.


„Ситуацијата низ која минуваме е екстремна, воведување вонредна состојба е најефективна мерка за корекција на кривата на заразата“, истакнал премиерот.


Тој посочил дека вонредната состојба првично ќе трае 15 дена, како што е предвидено со Уставот, и дека после тоа ќе побара од членовите на Претставничкиот дом да го продолжат до почетокот на мај.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста