Шпанија ја укинува вонредната состојба и ги отвара границите

Шпанија денеска ја укинува вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусот и ги отвора границите. На посетителите од Европската унија, земјите од Шенген и Велика Британија ќе им биде дозволено да влезат без обврска и да поминат две недели во карантин. Туристите ќе поминат „тројна проверка“, која вклучува проверка на податоците од каде дошле, мерење на температурата и земање детални податоци доколку има потреба да бидат под надзор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста