Трагично замина,но подари дел од себе за спас на три животи-срцето на Емилија продолжува да чука кај жител на Скопје

Момент на тишина, неизвесност, а откако зелената линија на апаратот кој мери отчукувања на срцето почна да покажува ритам, следеа ракоплескања, солзи радосници… успешна трансплатација на срце, вака го опишуваат моментот докторите откако ја завршија 6 часовната операција со која, почна да чука срцето на 54 годишен пациент.

Кога срцето проработи , кога бевме сигурни дека одиме на добар пат,целиот тим почна да аплаудира. Многу емотивен момент..Сите бевме среќни,возбудени. Тоа беше еден долг ден, ден на исчекување,надеж дека ќе продолжиме еден живот, ќе спасиме еден живот, благодарение на друг кој што се гаси…навистина некои работи не можат да се опишат со зборови, вели Шокаровски за Алфа.

Шокаровски вели тимот на дваесетина доктори и медицински персонал функционирал одлично. Со него се согласува и проф. д-р Сашко Јовев од Клиниката за кардиохирургија, кој вели дека биле подготвени за ваков зафат – Прифативме да работиме со колегите од приватните болници и тимот функционираше одлично, вели д-р Јовев.

Пациентот, би сакал да ве известам дека засега е добар,се надеваме дека ќе остане добар. Ова не само што претставува на некој начин, само по себе круна во кардиохирургијата и медицината, претставува и заокружување на еден процес што го започнавме, процес на лекување на терминалната срцева слабост, вели доктор Јовев.

Ова е прва трансплантација на срце од починат донор во Македонија, докторите велат дека експлантација е многу тажен процес оти некој умира, но кога ќе се пресади орган од починатиот се добива поинаква смисла. Шокаровски за Алфа вели дека донирањето на органи е благородно, оти од еден човек може да се спасат дури 8 животи.

Органодарителството претставува една благородна работа, од еден донор можат да се спасат малтене 8 луѓе, да добијат органи. Од срце,бели дробови, црн дроб,панкреас,бубрег,коска…многу е важно таа свест да се подигне, оти има луѓе за кои нема друга алтернатива, освен овој начин на лечење, вели Шокаровски за Алфа.

Жената која спапаува три животи живеела во Дојран, покрај нејзинто срце донирани се и двата бубрега, кои се пресадуваат на двајца пациенти кои имаат потреба од нив.

Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста