Шокаровски предупредува од сценарио за уништување на Кардиохирургија

Шокаровски предупредува од сценарио за уништување на Кардиохирургија

Оркестрирана хајка се води против државната Кардиохирургија. Некој сака да ја уништи Клиниката и нејзиниот углед, но тоа вработените нема да го дозволат  вели разрешениот директор на оваа установа др.Марјан Шокаровски. Кардиохирургот пред неколку денови беше обвинет од министерот во заминување Илир Демири дека на Кардиохирургија се оперирале фантомски пациенти, но и дека смртноста во последните месеци е зголемена.Министерот таа анализа не ја достави во јавноста,контра тврдењата на Демири,Шокаровски и неговиот тим презентираа нивна интерна стручна анализа која го покажува спротивното дека смртноста на клиниката опаѓа, иако на лекување доаѓаат пациенти во сѐ потешка здравствена состојба.

-Последните 5 месеци покажуваат дека нашата смртност е пониска од предвидената, подобри сме од она што се очекува, истакна Шокаровски.

Освен за нестручно работење на кардиохирурзите и останатиот медицински персонал, Демири обвинуваше дека таму владее неред и дека се работи со нарушени меѓучовечки односи.Вработените демантираат – тие велат дека сите работат најпрофесионално.

Шокаровски не сакаше да каже во кого најмногу се сомнева за хајката против него и неговиот тим, тој само ги повика институциите, министерствата и инспекциските служби да реагираат на обвинувањата за тоа што се случува на Кардиохирургија.

Шокаровски од идниот министер за здравстви очекува подобри услови за работа, како и подобри политики во кардиоваскуларната хирургија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )