Шкупи се засили со турски младински репрезентативец од Галатасарај

Од денес Шкупи се посилни за младиот турски талент, Фират Гулу, 19 годишен играч од средината на теренот, кој доаѓа од младинските категории на Галатасарај. Гулу стави потпис на тригодишен договор со Шкупи по успешиот пробен период во тимот. Моментално е член и на турската репрезентација до 21 година, а во Шкупи доаѓа како четврто засилување. Своето деби се очекува да го има наредниот викенд во првото коло против Шкендија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста