ШКУПИ ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА ЗА ТИТУЛАТА ВО ДОМАШНОТ ШАМПИОНАТ И ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ОЗЕР

Двата кикса во пролетното продолжение од првенството, а особено вчерашниот дома со Ренова од 2-1 му пресуди на тренерот Хасан Озер кој вчера доби отказ на Чаир. Шкупи кој до паузата меѓу двата дела од домашниот фудбалски шампионат имаше релативно мал заостаток во однос на Шкендија сега веќе доцни цели десет бодов кои, кога на првенството му се гледа крајот, делуваат недостижно. Во Шкупи се уште не именувале наследник на Озер, и тоа ќе го сторат деновиве.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста