Шкупи ја пречекува португалска Санта Клара во Конференциската лига

Вицепрвакот Шкупи по успешното прво коло против Љапи од Косово, вечерва ќе има далеку потешка задача во првата битка со португалска Санта Клара. За тоа свесни се и од таборот на чаирчани. 

„Сакаме добар натпревар, во кој би ги израдувале нашите навивачи со победа. Противникот игра брз и агресивен фудбал, но и ние имаме свои адути. Ова е само прв меч во кој иако ќе одиграме фајтерски, сепак, ќе мора бидеме одговорни и претпазливи, бидејќи нѐ чекаат и 90 минути на теренот на противникот. Санта Клара има одлични индивидуалци, но резултатот ќе зависи и од нашата игра.“, изјави тренерот Гоце Седлоски

Првиот меч меѓу Шкупи и Санта Клара се игра вечерва на Националната арена во Скопје од 20 часот, а возвратниот дуел е наредниот четврток во Португалија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста