Шкендија утрово замина за Романија за утрешниот меч од второто коло во ЛЕ

Шкендија утрово отпатува за Романија, за утрешниот меч против Ботшани во второто квалификациско коло за Лига Европа. Тетовскиот клуб важи за благ фавоорит со оглед на искуството кое го има на европската сцена, за разлика од домашната екипа, која ќе го игра само четвртиот меч во европските купови. Дуелот почнува од 17.45 часот. Четврток е резервиран и за останатите два наши претставници и тоа во Скопје. Ренова на стадионот „Петар Милошевски“ ќе го пречека хрватскиот Хајдук од 15.30, додека Силекс на Националата арена „Тодор Проески“ во вечерниот термин од 20 часот ќе се сретне со косовскиот првак, Дрита.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста